Црногорец се обидел да прошверцува оружје за бунтовниците во Сирија

Од:

Црногорскиот државјанин Станислав Радовиќ бил уапсен на сириската граница при обид да прошверцува околу два тона лесно оружје и дваесетина минофрлачи, пишува подгоричкиот весник „Дан“.

Се претпоставува дека Радовиќ го натоварил оружјето во Триполи во камион на една хуманитарна организација и се обидел да го пренесе во Сирија.

Радовиќ, кој живее во Египет веќе 20-тина години, бил уапсен заедно со двајца либиски војници.

Според весникот, вредноста на запленетото оружје се проценува на околу еден милион долари. Во камионот имало три контејнери, каде било спакувано оружјето, главно пиштоли и автомати „Калашников“ од руско и југословенско производство.

„Дан“ објави дека 48-годишниот Радовиќ претходно работел во неколку хуманитарни организации, но неговата лиценца за работа била одземена поради повеќе прекршоци, поврзани со прекуграничен криминал.

Би можело да ве интересира

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ