Нема одлука за пролонгирање на почетокот на новата учебна година поради епидемијата од жолтица, изјави денеска министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми.
– Министерството за образование и наука е во контакт со Министерството за здравство и со Институтот за јавно здравје и на последната седница е донесена препорака до сите училишта да преземат дополнителни активности за хигиената со цел да не се зарази некој од учениците.
– Засега нема одлука за пролонгирање на учебната година и сметам дека нема да има нејзино пролонгирање. Доколку има одлука за тоа јавноста ќе биде навремено информирана, истакна Адеми, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција.