Путин и Порошенко може да разговараат за украинската криза на средбата во Минск

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Петро Порошенко може да имаат одвоена средба утре во Минск, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

– Не ја исклучуваме таа можност, додаде тој.

Песков нагласи дека на средбата би се разгледале повеќе теми, меѓу кои и укрианската криза, хуманитарната катастрофа во источните украински региони, неопходноста од спречување на огнот.

Двајцата лидери може да разговараат и за билатералните односи, вклучувајќи ја и спогодбата за асоцијација која Киев ја потпиша со Европската унија.

Претседателите на Русија, Белорусија и Казахстан, трите членки од Царинската унија, ќе разговараат утре во Минск со претседателот на Украина, а на средбата ќе присуствуваат и претставници на Европската комисија, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, еврокомесарот за трговија Карел де Гухт и еврокомесарот за енергетика, Гинтер Етингер.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци