Украинските власти соопштија дека денеска дошло до судири меѓу граничарите и конвојот од неколку десетина оклопни возила и тенкови кои влегоа на укрианската територија од Русија кај Азовското Море.
– На украинската граница помина конвој од неколку десетина тенкови и оклопни возила кои влегоа во областа блиску украинскиот индустриски град Мариупољ, изјави портпаролот на силите за безбедност, Леонид Матјухин.
Тој додаде дека конвојот го запреле граничарите и дека во тек е судир.