Ештон: Претстојната средба Путин-Порошенко можност за решавање на конфликтот во Украина

Од:

Претстојната средба во Минск меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко е добра можност за решавање на украинската криза, изјави високиот претставник на ЕУ за безбедност и надворешни работи Кетрин Ештон на Европскиот форум во австрискиот град Алпбах, пренесува ИТАР-ТАСС.

– Нема да зборувам многу за претстојната средба во Минск, но тоа е можност, што не треба да се испушти, истакна Ештон.

Според Ештон, Украина треба дополнително да одржува добри односи како со Русија, така и со земјите од ЕУ.

-Тоа е Ваша земја и вие носите одлуки. Вие го избравте својот претседател и патот по кој ќе одите напред. Имате потреба од добри односи со европските соседи и Русија, изјави Ештон.

Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана соопшти дека бројот на убиени украински војници во Источна Украина од страна на сепаратистите изнесува 722.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“