Музичко патување со Дејан Стоев

Од:

Крајот на работната недела во Карпош заврши  со прекрасно музичко патување  со македонскиот тенор и член на Македонската Опера и Балет, Дејан Стоев.

Придружуван од Милан Јанкуловски на клавинова, тие вечерва на карпошани им приредија незборавна музичка вечер со арии од македонски автори, со наполитански канцони и песни од познати мјузикли. Со громогласен аплауз беа проследени „Мариа“, „О соле мио“, ариите од Фирфов и дузина други дела од класичната музика, кои ги заокружија „класичните вечери“ во рамки на Културното лето Карпош 2014.

dejan-stoev (1)

Вечерната „доза на култура“ беше збогатена и со ликовната изложба на акварели во сопственост на Општина Карпош, нацртани од врвни светски акварелисти од ланскиот Акварелен симпозиум и Вториот конкурс за акварели што го организира Општината.

Оваа изложба е само најава и „увертира“ на големата изложба на акварели која ќе следи по 8 септември, кога завршува годинашниот петти по ред Акварелен симпозиум на кој учествуваат триесеттина ликовни уметници од целиот свет.            

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира