(ВИДЕО) СДСМ: Во хаосот на неспособната власт, се шират зарази и умираат луѓе

Од:

„Листерии, жолтици, разногласие на институциите, претпоставки, ширење паника, оправдувања, бегање од одговорност. Во тоталниот хаос на неспособната власт умираат луѓе без никој да понесе одговорност за тоа.

За граѓаните уште не е јасно како бактеријата листерија, за краток период, успеа да покоси 5 човечки животи и легна во болница десетици луѓе, а веќе е прогласена епидемија на жолтица во два града во Македонија.

Ситуацијата со жолтицата е потполно иста како со листеријата.

Жолтицата во Штип прво се криеше. Потоа Центарот за јавно здравје во Штип одрекуваше дека причинител е водата за пиење.

Последно, виновникот, иако сеуште неофицијално, се покажува сепак во водата. Но, во таа вода од природните чешми, коишто не биле поврзани со јавниот водовод. Уште и штипскиот градоначалник излезе да советува да не се пие од тие чешми, посебно по обилните дождови, што можеби излеале фекалии во водите“, рече на денешната прес-конференција, Д-р Ален Георгијев, СДСМ.

„Ако постоеле такви ризици, каде на чешмите стои официјално предупредување на граѓаните, од градските власти?

-Зошто не била направена навремена проценка дека ситуацијата може да ескалира во оваа насока, а природните чешми не биле пломбирани?

Додека бројката на заразени од жолтица во Штип, според вчерашните информации, достигна 30, за Скопје се молчи. Иако информацијата за прогласување епидемија во главниот град буквално ги шокираше скопјани.

Јавноста се занимаваше со жолтица во Штип, а бројката заразени во Скопје растела и пораснала до 66-мина болни! Исто како што првиот случај на листерија се појавил во март, а информацијата излезе во јавност во средината на јули, после третиот смртен случај!

Кулминација на хаосот од неодговорната власт е признанието на Центарот за јавно здравје во Скопје дека постои можност зголемениот број заразени од жолтица да се должи на дождливиот период и излевањето на канализациите.

Тоа се политиките за споменици, наместо за луѓе, на коишто СДСМ предупредува со години.

Што уште треба да се случи за Никола Груевски и Никола Тодоров, да се почувствуваат одговорни?

Порачуваме, наместо Груевски да троши, како што најави, речиси половина милион евра на реклами, што треба да ги научат граѓаните да се хранат здраво, власта да им пристапи на проблемите исклучително сериозно, а проблемот да го реши прво кај себе.

Ги повикуваме Тодоров и Груевски веднаш да се консултираат со врвните експерти што постојат во земјава за двете ситуации. Истовремено да ги седнат на иста маса сите надлежни институции што се под нивна контрола и да донесат заклучоци:

-Што ќе преземат околу жолтицата во пресрет на училишната година, пред ситуацијата драстично да ескалира? Не е доволно да се дезинфицираат училишта и градинки. Инкубацијата на жолтицата е меѓу 15 и 50 дена и ризикот од ширење на заразата е голем.

-И, има или нема опасност од епидемија на листерија и што е вистинскиот причинител?

Во прашање е здравјето на граѓаните на Република Македонија“, изјави Д-р Ален Георгијев.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје