Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун го именува поранешниот министер за надворешни работи на Норвешка, Еспен Барт Ејде за специјален советник за Кипар.
Норвешкиот дипломат доаѓа на местото на Александар Даунер, кој се повлече од функцијата во април.
Ејде (50) во моментот е директор и член на извршниот совет на Светскиот еконоски форум, меѓународна невладина организација со седиште во женева.
Тој е првиот Европеец, кој е именуван за специјален советник на генералниот секретар на ОН за Кипар од 1974 година.