Македонија ја пречекува Данска во квалификациите за Евробаскет 2015

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во рамките на 5.коло од квалификациите за Евробаскет 2015 на домашен терен ќе игра против селекцијата на Данска.

Овој противник Македонија го победи на негов терен со 81:75.

– Постигнавме добар резултат со двете победи над Данска и над Белорусија на гости, но тоа не треба да не залажува. Нема да биде лесно со Данска, тоа е цврста екипа која брзо се трансформира одбрана-напад. Мора да влеземе максимално мотивирани, а малку замор почуствувавме со Белгија на последниот натпревар (одигран во среда), но со помош на навивачите, „нашиот шести играч“, можеме до триумф и да избориме пласман на Европското првенство, изјави Бојан Трајковски, кој со 50 поени е најдобар стрелец во нашиот состав, а со 20 скокови е втор скокач.

Натпреварот Македонија – Данска почнува во 20:30 часот и се игра во СЦ „Борис Трајковски“.

Денеска се играат сите натпревари од 5.коло од квалификациите во седумте групи:

А група: БиХ – Велика Британија. Исланд слободен.
Табела: Исланд 5 бодови, Б и Х 4, В.Британија 3.

Б група: Бугарија – Црна Гора и Израел – Холандија.
Табела: Израел 7, Холандија 7, Црна Гора 6, Бугарија 4.

Ц група: Германија – Австрија и Полска – Луксембург.
Табела: Полска 7, Австрија 7, Германија 6, Луксембург 4.

Д група: Македонија – Данска и Белорусија – Белгија.
Табела: Белгија 7, Македонија 7, Белорусија 6, Данска 4.

Е група: Португалија – Чешка и Грузија – Унгарија.
Табела: Чешка 7, Унгарија 7, Грузија 6, Португалија 4.

Ф група: Словачка – Летонија и Шведска – Романија.
Табела: Летонија 8, Романија 7, Шведска 5, Словачка 4.

Г група: Италија – Русија. Швајцарија е слободна.
Табела: Италија 4, Русија 4, Швајцарија 4.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос