Вечерва со почеток во 20.30 часот , на платото во ТЦ „Лептокарија“, ќе се одржи изложба на слики од Акварелниот симпозиум на општина Карпош кој ќе биде проследен со оперското пеење на тенорот Дејан Стоев.
Овој врвен македонски тенор е учесник на многубројни оперски претстави кои се одржуваат кај нас и во странство.