Платото во ТЦ „Лептокарија“ беше преполно со љубителите на класичните звуци и на ликовната уметност.
Во рамките на седмото по ред, Културно карпошово лето 2014, триото „Триола“ составено од изведувачки на пијано, виолина и оперска певица, ги презентираа нежните и релаксирачки звуци на класичната музика со сета своја раскош.
Присутните карпошани со големи овации ги поздравија талентираните девојки на триото „Триола“ кои ја разубавија оваа летна вечер. Класичната музика и ликовната уметност одат заедно, па затоа оваа августовска ноќ, класичните тонови беа збогатени со ликовниот перформанс на уметникот Илија Спасов – Чедо.