Францускиот министер за економија се залага за напуштање на политиката на штедење

Од:

Францускиот министер за економија Арно Монетбург во интервју за париски „Ле Монд“ се заложи за „алтернативна политика“ наспроти политиката на штедење која ја налага Европската унија и која француската Влада се обидува да ја спроведи, јави дописникот на МИА од Париз.

– Намалувањето на дефицитот со присилна мерка е економска аберација бидејќи тоа ја зголемува невработеноста, тоа е финансиска абсурдност бидејќи тоа го прави невозможно заздравувањето на јавните сметки и политичка катастрофа бидејќи ги фрла Европјците во рацете на екстремните партии, кои сакаат да ја уништат Европа, истакна Монтебург, кој со ова јасно отстапи од „догмата за буџетско штедење“ ,која ја брани претседателот Франсоа Оланд и премиерот Мануел Валс.

Имено францускиот претседател само три дена претходно, за истиот весник изјави дека сака да оди „побрзо и подалеку“.

Исто така во моментот кога Оланд, сака да ги смири односите со Берлин, откако на почетокот на август германската канцеларка Ангела Меркел, одговори негативно на неговото залагање за промена на германската економска политика, за таа да биди повеќе во корист на економскиот раст, францускиот министер за економија бара да се „подигне гласот“.

– Ние не можеме повеќе да го толерираме тоа. Ако ние мораме да се приклучиме на теоријата на германската најекстремна десница, тоа значи дека кога Французите гласаат за француската левица, всушност тие гласаат за спроведување на програмата на германската десница, нагласи Монтебург.

Иако неговиот став  во целост е спротивен со политиката која ја спроведува Владата на Валс, министерот за економија не мисли да ја напушти Владата и да поднесе оставка на функцијата.

– Јас сум на ова борбено место за да ги променам политиките кои заслужуваат да бидат променети, потенцира Монтебург.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето