ФОТО+ВИДЕО: Плаошник останува владина мистерија

Од:

Продолжуваат мистериите околу градбите содржани во проектот за возобновување на Свети Климентовиот Универзитет кај Плаошник. Премиерот на Република Македонија денеска, во рамки на својата посета во Охрид ги виде огромните градби кои се содржани во овој проект. Медиумите останаа покуси за изјава од премиерот Груевски, а единствено, во целата посета одржа само краток говор во селото Лакочереј. Тој се информираше до каде е процесот со возобновувањето на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник и за сите елементи содржани во целиот проект.

gruevskiPlaosnik (3)

Иако во 2008 година, Груевски најави дека проектот ќе биде готов за година и пол, денес, во 2014 година истиот проект е далеку од својот краен изглед.

Проектот трае година и пол и веројатно ќе трае уште толку. Се работи за три годишен проект во кој вкупно ќе бидат инвестирани 6 милиони евра и задоволни сме што работите одат добро – рече Груевски во 2008 година кога го посети локалитетот Плаошник.

gruevskiPlaosnik (4)

Шест години после таа изјава на Груевски, денеска и самиот се увери дека само дел од градбите се изградени и тоа само карабина, а целосниот изглед на проектот треба да биде готов, според денешните најави, дури на крајот на 2016 година или на почетокот од 2017 година.

Динамиката е според акциониот план, така да во рамките на буџетот секоја година издвојуваме средства за кон крајот на 2016 година или во првата половина на 2017 година да можеме да го промовираме овој многу значаен проект – рече денеска министерката за култура Елизабета Канческа Милеска.

gruevskiPlaosnik (5)

Измените кои се прават кажува дека целиот проект не се гради во легална процедура бидејќи планот за изградба на објектите не може да се менува во текот на изградбата. Никој не знае ниту дали е добиена дозвола, ниту дали е променета и врз основа на што се гради бидејќи постојано проектот се менува. Никој не знае ниту дали и овој рок ќе биде конечен затоа што и тој постојано се менува.

Целиот проект уште од самиот почеток се држеше во тајност и далеку од очите на јавноста. Кон крајот на минатата година, експертска комисија на УНЕСКО беше во посета на Охрид и ги виде изведбите на огромните градби кај Плаошник.

gruevskiPlaosnik (2)

Извештајот заедно со забелешките кои ги напишаа од комисијата, исто така беа држени далеку од очите на јавноста се додека УНЕСКО не ги објави. Според експертската комисија имаше огромни забелешки за текот на изградбата и планот според кој одеше истата. Во препораките кои ги имаа експертите од УНЕСКО, Одборот за возобнова на Свети Климентовиот Универзитет ќе мора да ги редизајнира голем дел од објектите и ќе мора да ја намали квадратурата, висината и катовите на објектите.

Исто така, според препораките, од планот мора да биде отстранет целиот четврти комплекс кој беше предвиден да се гради како дел од овој проект.

Ф.Ј.
Видео: A1on

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

Кривични пријави за субјекти поради злупотреба на службена должност и несовесно обезбедување на локалитетот „Плаошник“ во Охрид

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски