Оља – борец на народната војска

Од:

Гледајќи ја слабата 19-годишна девојка Оља од украински Горловск, човек не може да помисли дека таа веќе е искусен борец на народната војска. Граѓанската војна во источна Украина и ја упропасти младоста, но Оља не изгледа несреќна, иако признава дека едвај чека да настапи мир.

Сеќавајќи се на мотивите кои ја довеле во народната војска на непризнатата Доњецка народна република Оља рекла дека последна капка за неа претставувала трагедијата која на 2 мај се случила во Одеса. Оља отишла во доброволци и поради тоа се разделила од вереникот:

– Последна капка за мене беше во Одеса кога почнаа да палат живи луѓе. На Мајдан викаа: ќе го заколеме цел југоисток. Уште тогаш почувствував дека нешто се покрена во мене.

Во тој момент Оља се занимавала со специфично хоби – стрелаштво. Тоа било доволно да земе оружје во рака. – Но, не знаев што се реденик, поклопец, отвор за гас, калибри. Сето тоа дојде со искуството – признава таа.

Пред само неколку месеци Оља живеела во родниот град Артјомовск, недалеку од Горловка и одела на колеџ сакајќи да стане наставник по музичко. Прво дополнително работела како келнерка, потоа во комбинатот за преработка на месо, а подоцна како продавач-консултант. Потоа во Донбас дошле тие кои луѓето тука ги сметаат за окупатори и непријатели. Оља се пријавила како доброволец за да ја брани својата земја и својот дом. Поради тоа се разделила дури и од вереникот, кој се обидувал да ја убеди дека тоа не е нивна војна и дека подобро е да не оди. Девојката се присетува:

– Велат дека не ги малтретираат мирните граѓани, но со свои очи видов жени кои ги мачеа, им ја сечеа кожата меѓу прстите. Не знам што сакаа да дознаат од овие обични жени, можеби кој заминал во доброволци. Видов како во Славјанск во болница донесоа две обезглавени тела на припадници на народната војска. Дури не можеа да се препознаат и на мајките да им се испратат известувања за смртта.

Оља прво била во Артјомовск во народната милиција. Потоа е назначена за придружба за Славјанск – да ги придружува цистерните со бензин кои возеле гориво во Славјанск и кои возат намирници и помош:

– Се сеќавам како дојдовме на Семјоновс, глетката беше страшна, мачна, а мора да седиш во возилото, ништо не можеш бидејќи бомбардираат. Не можеш да јуришаш на проектили со автомат. А одговараш за групата која стои на позиции, трчаат, а им гори облеката и вода не ги спасува, земјата не ги спасува. Фосфорот разјадува се.

Се возиш низ Семјоновск, осигурувачот ти е спуштен, патронот е во реденик, држиш прст на орозот и не знаеш што ќе полета кон тебе. Страшно безумие. Еднаш одевме и буквално на 20 метри од нас експлодираше проектил. Веднаш почнавме да бегаме со 190 километри на час.

Набрзо морала да ја напушти својата родна куќа.

Оља вели:

– Возев по автобус со бегалци кои одеа кон Русија. На граница ми телефонираа, токму по граничната линија. Добро се сеќавам на тој момент. Момците ми велат дека Артјомовск паднал и дека не смеам да се враќам. Така дојдов во Горловк и останав тука.

Оља во својата единица одговара за дисциплината. Тројца нејзини другари од Артјомовск, со кои заедно заминала во доброволци, повеќе не се живи, загинале во престрелки. – Мама рони солзи. Што ќе биде ако те убијат? А јас и одговарам, знаеме во што се впуштаме – вели девојката.

Во мене се роди ново чувство. Не само одбрана на земјата. Туку и едноставно одмазда, некоја страшна омраза. Што се тука видовме: во Горловк мајка и дете распарчени во експлозија. Баби кои седеле на клупа и грицкале семки, исто така загинати во експлозија. Ракети по Стирол. Повеќе воопшто не обрнуваме внимание на нив, само негодуваме кога пукаат ноќе и ни пречат да спиеме.

– За мене повеќе не постои поим како што е Украина – вели таа. – Не знаев дека толку ќе го мразам сино-жолтото знаме и дека ќе го доживувам како што луѓето во 1943 година ја доживувале свастиката.

Оља признава дека тешко може да го замисли животот во мир:

– Неодамна отидовме на гости кај еден локален доброволец да се одмориме, да поседиме, да изгледаме филм. Чудно е некако, висат завеси, гарнитура за седење. Веќе два месеца не сум дома. Воопшто не знам како ќе се прилагодам по сето ова. Веројатно ќе подигнам шатор пред куќата.

Оља на 30 септември ќе наполни 20 години.

Гласот на Русија – Москва

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци