А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

На рехабилитација на Пелистер заминаа 140 деца од Велес и Кавадаречко

by А1он23/08/2014 - 14:5623/08/2014 - 15:48152
Share0

Во организација на Здружението на родители за грижа за здраво поколение од Велес денеска на Пелистер на климатска рехабилитација во трета дополнителна смена заминаа 100 деца од Велес и 40 од од селото Возарци, Кавадаречко.

Следете a1on на Instagram Instagram

Оваа трета дополнителна смена речиси бесплатно им ја овозможи Министерствто за животна средина и просторно планирање и Детското одмаралиште на Пелистер, додека родители плаќаат само минимала партиципација од илјада денари, информира Иванка Андова, претседател на Здружението на родители за грижа за здраво поколение.

– Поради неопходноста од претстој и климатска рехабилитација на чист воздух далеку од загадената животна средина која им создава проблеми со здравјето, пред се,  со респираторниот систем, Министертсвото за животна средина и просторно планирање одлучи за велешките деца да финансира дополнителна смена, а во дел финансиски не поддржа и тимот на Детското одмаралиште на Пелистер, каде велешките деца престојуваат веќе 13 лета, информира Андова.

Според неа, кај децата со респираторни проблеми кои престојувале на Пелистер лекарите утврдиле дека здравјето во многу им се подобрило и не им била потребна терапија шест месеци по враќање од планина.

Децата од третата смена од Велес и Возарци заедно со своите воспитивачи и членови на Здружението ќе престојуваат на Палистер во наредните седум дена.

Следете a1on на Youtube YouTube
ekologijazdravstvo

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 13:22

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 15:5027/03/2026 - 20:03

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

Горан Наумовски02/03/2026 - 11:49

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто