Костоски: Имаме подготвено тактика за Данска

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација се подготвува за последните два дуела од квалификациите за Европското првенство 2015 со Данска и со Белорусија што ги игра на домашен терен.

Против двете селекции нашите кошаркари остварија победи на гости со што се на чекор до нов пласман на Евробаскет.

Еден од носителите на играта е плејмејкерот Александар Костоски, кој со 44 поени на четирите натпревари е втор стрелец во нашиот тим, а има и 11 асистенции. Костоски во Хорсенс против Данска постигна 9 поени, а некои беа во клучните моменти.

– Со две победи (над Данска и Белорусија) ќе се пласираме на Европско првенство. Ги победивме на нивни терен, па очекуваме и тука да ги совладаме.  Данска е агресивна екипа, но имаме подготвено тактика за нив и да постигнеме уште една победа, изјави Костоски.

Покрај дуелот Македонија – Данска утре се игра и вториот натпревар од Д групата меѓу Белорусија и Белгија.

На табелата водат Белгија и Македонија со скор 3-1 (победи-порази), Белорусија има 2-2, а Данска 0-4.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос