Осмиот ден Карпошово културно лето заврши во знакот на младата генерација која ги забавуваше талентираната поп пејачка Бубе Најдановска, во придружба на бендот „Out of Tune“.
Тие заедно вчера вечер направија вистинска забава за загревање пред петочното излегување.
Многубројната публика потпевнувајќи ги познатите странски хитови, вистински се релаксираше и се расположи.
Бубе, која на јавноста им е позната од настапите во познатото музичко талент шоу „М2-Потрага по ѕвезди“, музичката кариера само што ја започнува, но ја „носи“ во голем стил.
Во рамките на Карпошовото лето преостануваат уште осум дена исполнети со музички концерти и ликовни изложби.