Русија му предложи на СБ на ОН усвојување на изјава за Украина

Од:

Русија на членките на Советот за безбедност на Обединетите нации им подели нацрт-изјава, во која се повикува на прекин на огнот во источна Украина, додека трае доставувањето на хуманитарната помош на населението, изјави денеска за ИТАР-ТАСС постојаниот претставник на Русија при ОН, Виталиј Чуркин, нагласувајќи дека Москва повеќе не можела да чека со испораката на хуманитарната помош.

– Ја поделивме нацрт-изјавата, ќе се обидеме да ја усвоиме, рече рускиот дипломат, појаснувајќи дека документот по „премолчена процедура“, доколку ниту една од делегациите не вложи забелешка, ќе биде автомански усвоен.

Во нацртот во кој увид имала ИТАР-ТАСС сите страни се повикуваат да го исполнат договорот за обезбедување на безбедноста на хуманитарниот конвој по целата маршрута на движење и поради тоа да прогласат прекин на борбените дејствија“.

Документот исто таа повикува веднаш да се почне со дистрибуција на помошта со учество на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Претходно руските медиуми јавија дека сите камиони од рускиот конвој, кои тргнаа од Подмосковијето на 12 август, стигнале во Луганск и оти почнал истоварот, по што помошта ќе им се дели на граѓаните.

ИТАР-ТАСС јави дека жителите на Луганс, главен град на самопрогласената Луганска народна републчика, со радост го пресретнале конвојот.

Луѓето излегле на улиците за да ги поздрават белите камиони со руски регистерски таблички.

Утре се очекува да почне делењето на помошта.

ИТАР-ТАСС наведува дека станува збор за околу 270 товарни возила со храна, вода, лекови и агрегати за струја, со вкупна тежина од 1.856,3 тони.

Не се исклучува можноста дел од помошта да биде испратена и во самопрогласената Доњецка народна република.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци