Втора победа за македонската кадетска кошаркарска репрезентација

Од:

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација (до 16 години) во вториот натпревар од Европското првенство Б дивизија што се игра во Струмица ја постигна и втората победа. Вечерва во салата „Парк“ беше совладана Словенија со 80:78 (20-11,17-16, 19-33, 24-18). Нашата репрезентација од два натпревара има две победи, а за Словенија по двете победи ова беше прв пораз.

Нашите кадети добро го почнаа натпреварот и првата четвртина ја завршија со предност од 20:11. Во вториот период Македонија го имаше и највисокото водство од 35:20, а на полувремето беше 37:27. Третиот период беше најслабиот за нашата селекција, а противникот постигна 33 поени и на моменти Словенија имаше водство. Во последниот период двете селекции се менуваа во водство, а победничкиот кош за Македонија на 3 секунди пред крајот го постигна Ранко Мамузиќ.

Во репрезентацијата на Македонија најефикасен со 21 поен беше Ненад Димитријевиќ, а имаше и 10 асистенции. 13 поени постигна Ерасан Јакупи, а по 12 поени реализираа Петар Огњеновиќ и Виктор Ефремовски.

Утре Македонија за противник ја има селекцијата на Израел, која вечерва игра против Норвешка. Овој натпревар е во тек.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос