Сите камиони од рускиот хуманитарен конвој пристигнаа во Луганск

Од:

Сите камиони од рускиот хуманитарен конвој за југоисточна Украина пристигнаа во Луганск, изјавија претставници на градската администрација, јави ИТАР-ТАСС.

– Почна растоварувањето на хуманитарната помош, која потоа ќе биде распределена меѓу жителите од специјална комисија, додаде претставник на администрацијата.

Комисијата ќе ги одреди и групите од населението, кои се приоритетни во добивањето на помошта.

– Не е ислучена можноста дел од помошта да биде испратена во Доњецката народна република, изјави извор на ИТАР-ТАСС.

Во меѓувреме рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека испраќањето хуманитарна помош во југоисточниот дел на Украина е согласно меѓународното хуманитарно право.

– Ние секако посветивме внимание на серијата изјави на украинските официјални претставници, кои содржат напади на наша адреса. Работите се претставуваат на начин, на кој Русија е прикажана како прекршител на меѓународното право со испраќањето на хуманитарната помош за населението во југоисточните области на Украина, додаде тој.

– Да се апелира сега за почитување на нормите на меѓународното право, кое ние отсекогаш сме го почитувале, го почитуваме и ќе го почитуваме, значи да се префрли проблемот од болната глава на здравата, нагласи рускиот дипломат.

Рјабков ги отфрли обвиненијата на Киев и изрази увереност дека наскоро ќе бидат упатени исто толку лицемерни пораки на нашата адреса и од други земји.

– Пред да им давате совети на другите како да живеат, почнете од себе си и погледнете до кој степен вашите дела се противречни на вашите зборови, порача тој.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци