Џикиќ: Сакаме полна сала играчите така добиваат енергија

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација по трите натпревари на гости во квалификациите за Европското првенство 2015 последните два дуела ги игра на домашен терен.

Најпрвин во недела ривал ни е Данска, а потоа во среда и Белорусија. Македонија постигна две победи против овие две селекции на нивни терен.

– Ни таму не ни беше лесно, а нема да биде ниту тука. Ние знаеме како треба да играме против Данска, но мора пред се да бидеме поодговорни. Данска не е селекција на ниво на Белгија. Играчите ќе имаат и одреден притисок поради тоа што треба да се добијат овие два натпревара и да се постигне целта пласман на Европско првенство. Посакуваме салата да биде полна бидејќи овие играчи така добиваат енергија, изјави селекторот Александар Џикиќ во пресрет на дуелот.

Натпреварот Македонија – Данска се игра во недела со почеток во 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос