Во духот на легендарното „ток-шоу“ „Опуштено“ вчера вечер во Карпош единствениот „шоумен“ Тони Михајловски и бендот „Скандал Састаф“, приредија уште една прекрасна летна вечер во рамки на Културно лето Карпош 2014.
Преку нивното кабаре-шоу, љубителите на добриот хумор и музика, имаа можност да приуствуваат на ведрото и релаксирачко стенд ап уживање.
Кулминација од познати хитови и извонредно креативни шеги, беа презентирани на деветтата вечер од културните карпошови денови мред многубројната публика на платото кај Педагошка.
Актерската ѕвезда, Тони Михајловски, кој јавноста ја „залепи“ за екраните по неговиот голем проект „Опуштено“ со кое заедно со својот колега, Део, ја надминаа гледоноста на телевизиските шоуа на нашите простори, вечерва покажа дека е подеднакво забавен и во живо и како вешт актер-пејач.
Кажано со негови зборови, Карпош вечерва беше „Во светот на бајките“.