Во Канада е изградена куќа со асиметреична форма која нуди изнеднаувачки идејни решенија за совремно живеење.
Домот наречен „Ист Ван хаус“, дело на архитектонското студио „Спајси Дизјан“, е изгарден според желбите и потребите на неговиот сопственик. Куќата има разиграна геометрија, која претставува вистинско освежување за соседството.
Главниот влез води кон отворена просторија на средниот кат на куќата во која се сместени трпезарија со кујна и дневна соба, од која има излез кон широка тереса. Целата просторија е отворена кон југ, што овозможува влез на многу природна светлина.
Под оваа престорија, во форма на ниско приземје, се сместени гаража, остава, вински продрум, како и гостинска спална соба и бања.
На горниот кат се наоѓаа пространа спална соба со покривни прозорци, преку кои се пружа поглед кон небото и околнирте дрва. Собата ја надополнуваат голема гардероба и мала тераса.