Тајландските воени власти соопштија дека најдоцна за еден месец ќе усвојат закон според кој изнајмувањето на млади девојки и жени од оваа држава за сурогат-мајки за странциќе ќе се смета за кривично дело со прилично високи парични и затворски казни.
Акцијата за запирање на мошне развиеениот систем за користење на жителките на Тајланд за раѓање на деца чии татковци се од Јапонија, Австралија, Велика Британија, САД и некои европски држави властите ја започнаа по откривањето на најмалку 200 бебиња на возраст од една до три години родени во Тајланд, кои чекале да ги преземаат странци.
Тајландските медиуми денеска пишуваат дека со ДНК тестови е потврдено дека еден Јапонец, син на богат сопственик на фабрика за електронска опрема, е биолошки татко на 19 децаоткриени во Бангкок. Јапонецот доброволно испратил сопствен примерок за утврдувањето на сродноста со ДНК тестови, но неговото претходно најавено доаѓање во Тајланд, според медиуми во Токио, е одложено на подолго време.
Нехуманата постапка на странците во Австралија и Јапонија се оправдува со фактот дека и сурогат мајките и установите во кои малите деца се чувале до преземањето, ако ништо повеќе, било одлично платена работа за сите Тајланѓани кои се вклучени во оваа комерцијална меѓународна размена на нов пород.