Филе во Македонија

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска е во Република Македонија по повод одржувањето на третиот состанок од Пристапниот дијалог на високо ниво.

Пред состанокот Филе ќе има средба со премиерот Никола Груевски, како и со заменик претседателот на Владата за европски прашања Теута Арифи, а на почетокот ќе се обрати на седницата на Националниот совет за евроинтеграции.

Посетата на Филе и третиот состанок на Приспапниот дијалог на високо ниво се случува во пресрет на објавувањето на Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, на 10 октомври.

Премиериот Груевски вчера оцени дека Високиот предпристапен дијалог како процес дал добри резултати, влијаел позитивно, наметнал уште посилна динамика, изразувајќи надеж дека тоа денеска ќе го констатира и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Прашан дали очекува во претстојниот извештај за напредокот на Македонија да има датум за почеток на преговорите, тој рече дека доколку немаше проблеми од друг карактер поврзани со блокади и слично од други држави стартот на преговорите требаше да се случи уште во 2009 година.

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“