Две млади девојки од Франција спречени да заминат во Сирија

Од:

Две млади девојки на возраст од 15 и 17 години беа притворени во вторникот, едната во Тарб додека другата во Лион во рамките на истрагата која ја води обвинителството во Париз за здружување за заговор во врска со терористички потфат, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Како што пишува париски „Фигаро“, мерката притвор е продолжена и денесka. Двете малолетни девојки се познавале само преку социјалните мрежи и се подготвувале да заминат за Сирија, каде планирале да водат света војна, надополнува приватното радио РТЛ.

На почетокот на јули, француската влада претстави нов закон со кој се засилуваат мерките за борба против тероризмот за да се соочат со заканите кои ги претставуваат бројните француски џихадисти, но и од Европа кои се присутни во Ирак и Сирија.

Според законот кој се наоѓа во парламентарна процедура, известувачот Себастијан Пиетрасанта проценува дека околу 900 француски државјани се вмешани во сириските џихадистички канали. Во средината на јули според податоците или проценките во Сирија се бореле 343 француски државјани, од кои седум малолетници и педесетина жени, 151 лице боло во транзит, додека 172 се вратле од Сирија, од кои стотина останале во Франција. Според истите податоци досега во Сирија загинале 33 лица со француско државјанство.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети