Франсоа Оланд потврди дека Франција му доставила оружје на „демократскиот сириски бунт“

Од:

Во интервјуто за утрешното издание на париски „Ле Монд“, францускиот претседател Франсоа Оланд за првпат потврдува официјално дека Франција му доставила оружје на „демократскиот сириски бунт“, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според францускиот претседател станува збор за „материјал кој е во согласност со европските ангажирања“, односно дека оружјето што Франција го доставила во Сирија е од иста природа како тоа што им било доставено на Курдите во Ирак.

Според француските медиуми на ирачките курди Франција им доставила тешки митралези.

„Меѓународната заедница сноси голема одговорност за она што се случува во Сирија. Ако пред една година имаше реакција на големите сили на висината на користењето на хемиско оружје, ние немаше да се најдеме наспроти страшниот избор меѓу еден диктатор и една терористичка група, додека бунтовниците ја заслужуваа целата наша подршка“, објаснува Франсоа Оланд.

Шефот на француската држава понатаму во опширното интервју најавува дека во септември ќе предложи иницијатива за безбедноста на Ирак и за борба против Исламската држава.

– Ние треба да предвидиме една глобална стратегија против групата која се структуира, која располага со значајни финансиски средства и со современо оружје, и која им се заканува на земји како Ирак, Сирија или Либан, додава тој.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети