Касулидис: Кипар нема да ги попречува британските напади врз Ирак

Од:

Република Кипар нема да и попречува на Велика Британија доколку Лондон одлучи да ги користи кипарските бази за бомбардирање цели во Ирак, изјави кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис.

Тој за лондонската телевизија „Скај њуз“ посочи дека за секој напад врз цели на Исламската држава во Ирак, британската Влада треба да ја извести Никозија за користење на воената база во Акротири.

Британскиот министер за одбрана Мајкл Фелон при посетата на Кипар во сабота најави дека Велика Британија планира да бомбардира цели во Ирак, но не изнесе детали.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак