Папата Франциско навести дека и тој, како и неговиот претходник,папата Бенедикт,би можел да се повлече, по извесно време,од здравствени причини. Франциско кој има 77 години и нарушено здравје уште додека беше надбискуп во Буенос Аирес,им изјави на новинарите кои патуваа со него,враќајки се од посетата на Јужна Кореја,дека случајот со Бенедикт,кој сега ја има титулата „папа емеритус“ веќе е инсутуционализиран.
– Некои сметаат дека тоа што го направи Бенедикт не е исправно,но јас мислам дека тоа е патот за понатаму.Вековите ќе покажат дали е тоа исправно,или не, рекол папата Франциско.
Тој за првпат,јавно зборувал за своето здравје на подолг рок и за способноста да ги обавува сите обврски што ги има како поглавар на католичката црква.
Франциско рекол дека се уште може да се справува со бројните задолженија,но признал дека во иднина ќе мора да биде повнимателен.
Римските медиуми откриваат дека папата,на некои свои најблиски соработници им признал оти му остануваат уште „неколку години живот“ па затоа и во разговорот со новинарите,зборувал за предвременото повлекување од раководењето со католичката црква.
– Навистина,нашите животи траат подолго,но телото станува се поистрошено,па на висока возарст,не сте повеќе способен да управувате, рекол папата Франциско.
Пред три месеци,на една средба во Ватикан тој изјавил дека Бенедикт „не е уникатен случај“.
Франциско ја опишал постапката на неговиот претходник,како и одлуката да се повлече поради длабока старост,како отворање на вратата за институционализирање на „оставката“ кај папите.
Тоа, според актуелниот папа, значи дека веќе не може да се зборува за накаков исклучок. Повлекувањето на папата Бенедикт беше прв таков случај во последните 600 години од историјата на Католичката црква. Доколку тоа го направи и Франциско,ќе биде вториот папа,во изминатите шест векови кој дал „оставка“ во Ватикан.