По трагедијата која пред неколку дена го потресе Вевчани, во која две лица го загубија животот, а двајца беа повредени, започна граѓанска иницијатива за враќање на смртната казна за извршени најтешки облици на кривични дела.
Оваа било соопштено на синоќешната седница на Совет на општина Вевчани, на која беа разгледувани и неколку точки за преименување на неколку спортски објекти во имињата на трагично загинатите момчиња.
По собирањето на потписите иницијативата ќе биде доставена до надлежните институции во Република Македонија, стои во соопштението од општината.
„Мате и Владо беа пример за генерациите. Со овој чекор Вевчани им се оддолжува, ова е признание за нивниот придонес во афирмацијата на Вевчани на спортски, културен и општествен план. Болката за нивната трагична и прерана смрт е голема и ненадомествлива. На овој начин Мате и Владо ќе останат запаметени од заедницата“, се вели во соопштението.