Хоум Офис: Промените во Законот за екстрадиција не важат за Асанж

Од:

Британскиот Хоум Офис денеска соопшти дека измените во Законот за екстрадиција не се однесуваат за случајот на Џулијан Асанж и тие немаат ретроактивна сила.

Основачот на Викиликс,кој повеќе од две години се крие во зградата на амбасадата на Еквадор,во Лондон,за да не биде уапсен и екстрадиран во Шведска,изјави вчера на прес конференција дека британскиот Парламент направил измени во законот,прилагодувајќи се на она што тој ги заговара и почитувањето на човековите права. Тоа според Асанж,ќе овозможи тој да може „наскоро“ да го напушти засолништвото во амбасадата.

На прес конференцијата,во еквадорската мисија,на која присуствуваше и министерот за надворешни работи на оваа јужноамериканска земја Рикардо Патино,Асанж им потврди на новнарите дека „наскоро ќе замоне од амбасадата“.

Но, Австралијанецот демантираше дека тоа ќе го направи „од здравствени причини“ како што тоа го објавија „медиумите на Руперт Мардок“ мислејќи на сателитската телевизија Скај и на весникот „Сан“.

Потврда за таквиот став на Асанж даде портпаролот на Викиликс,Кристин Хравсик која објасни дека тој ќе ја напушти еквадорската амбасада „веднаш штом британската влада одлучи да ги исполни обврските што ги има преемено со потпишувањето на меѓународните договори“.

Таа и Асанж ја обвинија Велика Британија за „насилство врз човековите права и слободи“ со депортирањето (и екстрадирањето) луѓе без да бидат обвинети од британското обвинителство,но основачот на Викиликс ја пофали владата во Лондон што со промените на законот,исправила една неправда.

Министерството за внатрешни работи,во своето соопштение инсистира на заблудата во која се наоѓаат Асанж и неговите адвокати,објаснувајжи дека промените не се со повратна сила.

Асанж треба да им биде предаден на шведските правосудни власти врз основа на европскиот налог за гонење и врз основа на британскиот закон од 2010 година,кога и беше отворен случајот против овој поранешен австралиски хакер.

Џулијан Асанж е осомничен во Шведска за силување на една и за сексуално насилство врз друга млада жена во Стокхолм.Тој ги отфрла обвинувањата и тврди дека доколку биде екстрадиран,шведските власти ќе го предадат на САД,каде е обвинет за илегално објавување на доверливи државни информации.

Еквадорскиот шеф на дипломатијата Патино престојува во Лондон за да ја одбележи втората годишнина од давањето политички азил на Асанж. Тој се обиде да има средба со својот британски министер за надворешни работи, Филип Хамонд,но Форин Офисот не прифати средба со Патино,ниту нови разговори за случајот со австралискиот бегалец во амбасадата на Еквадор.

Лондонските медиуми кои порано беа поделени околу Асанж и неговиот случај,денеска се сложни во осудата на,како што велат „претставата“ со прес конференцијата во дипломатската мисија,организирана само за самопромовирање на основачот на Викиликс.

Весниците не веруваат дека тој е навистина болен,па затоа и се отфрла можноста да му биде дозволено да излезе од амбасадата,туку дека целата прес конференција и неговиот сегашен изглед,заедно со неговото природно бледило, се ставени во функција за истакнување на неговото „мачеништво“.

Како сосема погрешно и измислено се означува тврдењето на Асанж,за тоа дека промените во британскиот закон за депортација е направен за него, за да му се овозможи тој да отпатува во Еквадор,па му се советува да ги прифати „законитоста и правниот поредок,за што неговата левичарска интернет страница се залага“ и да замине во Стокхолм за да докаже дека е невин.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски