Европа и Евроазија се обидуваат да организираат средба меѓу украинскиот лидер Петро Порошенко и рускиот претседател Владимир Путин.
Финскиот претседател Саули Ниисто можеби ќе ја презеде улогата на посредник, кој ќе ги обнови контактите меѓу Киев и Москва, објави Би-би-си.
Во написот на Би-би-си се споменуваат средбите на Ниисто со Путин во петокот, со Порошенко во саботата минатата седмица, а потоа и со казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, на кои била разгледана ситуацијата во Украина.
– Мировната мисија на финскиот претседател е спроведена со сигнали од Астана, Минск и Брисел, дека лидерите на двата сојуза – Царинска унија и Европска унија, сакаат да посредуваат за средба меѓу шефовите на држави на Украина и Русија.
Ниисто секој пат посочува дека негова главна цел е да постигне запирање на крвопролевањата во Југоисточна Украина.
Според аналитичари, Порошенко би сакал пред 24 август – Денот на независноста на Украина, да постигне сериозни воени успеси во операцијата против сепарастите, додава Би-би-Си.