Норвежанец нов специјален советник на генералниот секретар на ОН за Кипар

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун реши да го назначи поранешниот министер за надворешни работи на Норвешка Еспен Барт Ејде за нов специјален советник за проблемот за Кипар.

Педесетгодишниот норвешки дипломат ќе го замени на функцијата Австралиецот Александар Даунер, кој беше преместен на друга функција.

Според извори на весникот, назначувањето на Еспен Барт Ејде се очекува да биде објавено во наредните денови, бидејќи била постигната согласност меѓу двете страни за неговото именување.

Тоа е првиот Европеец, кој се назначува за специјален советник на генералниот секретар на ОН за проблемот за Кипар од 1974 година досега.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот