ФОТО: Карактеристики на модерната архитектура

Од:

Под поимот модерна архитектура воопштено се подразбираат сите градежни стилови од крајот на 19-от век, па до сега. На овој начин како модерна архитектура може да се јават градби за сите вкусови и објекти со различни стилови и спектри на бои.

modernaArhitektura1

Основни карактеристики на модерната архитектура се едноставните линии, функционалноста на објектите, јасни структурни елемнти и избегнување на напотребни детали во дизајнот. Како доминантни метеријли во градбата на објектите од модерната архитектура се среќаваат дрвото, бетонот, челикот и стаклото.

modernaArhitektura2

Модерната архитектира претставува антитеза на претходните стилови во дизјанот во кои биле применувани тешки текстури, резби и масивно дрво низ целиот објект. Затоа кај „модерните“ градби доминира едноставноста и отсуствуваат дополнителните украси.

modernaArhitektura3

Кога станува збор за боите, во модерната архитектура доминираат едноствани, чисти и природни нијанси, со честа комбинација на две бои, како црната и белата на пример.

modernaArhitektura4

Многу современи архитекти се застапници на иејата за коегзистенција на „модерната“ и „традиционалната“ архитектура, па затоа често се среќаваат и објекти во кои се вградени елементи и карактериситки на овие два стила, кои се успешно вклопени во единствен целина.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска