Куќата во Канада со асиметричен облик нуди изненадувачко идејно решение за современ живот.
Интегрирана во соседството, но сепак „свртена на глава“, современата куќа изгледа како да ги чува двете дрва на влезот.
Главниот влез води до отворен план, кујна со трпезарија во задниот дел на куќата, дневна соба со широка тераса. Сите простории се свртени кон југ и привлекуваат природно светло.
На првото ниво се наоѓаат гаражата, оставата и винската соба, како и гостинска спална соба и бања.
На катот има изненадувачки простор со преубав поглед. Гардеробата и малата тераса само ја дополнуваат сликата на совршен дом.