Папата Франциско, кој ја заврши посетата на Јужна Кореја, го надмина прагот од 15 милиони следбеници на „Твитер“, соопшти сајтот „Сизмографо“.
Твитер профилот на Папата “@Pontifex“ има точно 15.000.007 следбеници.
Најголем број од следбениците, околу 6,48 милиони зборуваат шпански. На второ место е англискиот јазик со 4,37 милиони следбеници, а трет е италијански со 1,87 милиони.
Профилот на Папата на Твитер е на вкупно девет јазици.