Џикиќ: Многу важна победа

Од:

Кошаркарската репрезентација на Македонија вчеравечер во Минск ја совлада Белорусија со 81:70 и се доближи на чекор од официјализирање на пласманот на Евробаскетот 2015.

Селекторот Александар Џикиќ и Александар Костоски по мечот искажаа задоволство од играта и резултатот.

– Ова е многу важна победа за нас. Белорусија има големи и силни играчи, кои се одлично атлетски градени и навистина е тешко да се игра против нив. Сепак, знаевме како правилно да го искористиме нашето главно оружје – шутот. Мислам дека ја заслуживме победата, истакнува селекторот Џикиќ во изјавата за веб страната на МКФ.

Задоволен од прикажаната игра беше и плејмејкерот Костоски.

– Погодивме 16 тројки, тоа не е случајно. Ние сме добра шутерска екипа и тоа е нормално за нас. Знаевме како да ја искористиме таа предност. Сметам дека резултатот е реален и ја заслуживме победата, вели Костоски.

Репрезентацијата на Македонија со оваа трета победа во третиот натпревар од квалификациите, го задржува врвот на табелата во очекување на последната средба на гостински терен, што во среда ќе ја игра против Белгија во Шарлоа.
По тој натпревар, следуваат двата последни натпревари во Скопје, против Данска на 24 август и Белорусија на 27 август.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос