Американската полиција го приведе четириесет и деветгодишниот Дарнел Пиксли, откако неговата сопруга на социјалната мрежа „Фејсбук“ открила дека тој е венчан и со друга жена.
Таа изнајмила приватни детективи кои откриле дека нејзиниот сопруг во декември минатата година се венчал со друга жена и дека потоа се оженил уште два пати.
Серијата венчавки започнала во 1988 година, а сите негови жени живеат во различни места во Северна Каролина. Полицијата се сомнева дека Дарнел има уште жени, но тој одбива да признае за тоа. -Неколку пати рече дека е можно да се работи за грешка и не сака да разговара за тоа -велат од полицијата.
Е. Г.