Во Штип хоспитализирани 11 лица со симптоми на жолтица

Од:

Во Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип хоспитализирани се 11 пациенти со симптоми на жолтица. Инфектологот Глорија Караѓозова изјавидека кај четворица пациенти веќе е докажано дека имаат хепатит од типот А.

– Хепатит А е сезонско заболување и покрај тоа што ние го очекуваме во есен или зима, но сега во август, токму во летниот период се појави. Моменталната состојба е 11 пациенти кои се хоспитализирани од кои што докажани значи со изолати хепатит А се четири пациенти, истакна Караѓозова.

Таа додава дека хоспитализираните пациенти се од Штип, сите се на различна возраст, од кои најмалиот пациент има пет, а најстариот над 30 години. Пациентите се од различни делови на градот и немаат никава пријателска или пак семејна поврзаност. По четирите потврдени и седумте сомнителни сомнителни случаи инфектолозите апелираат граѓаните да ја зголемат хигиената на овие летни горештини, но и да внимаваат на храната, овошјето и зеленчукот кои ги консумираат.

Засега изворот на заразата од жолтица во Штип е непознат, по што надлежните институции и епидемиолозите ќе треба во текот на овие денови да го откријат жариштето на болеста.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски