СДСМ: Што се кријат Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

Нов ден, нови лаги. Јасно е зошто медиумите под контрола на Груевски ревносно ја исполнуваат партиската задача да прават конструкции. Прво затоа што доаѓа моментот кога ќе треба да се открие што договорил Никола Груевски во врска со спорот со Грција и името на држвата, се вели во писмена реакција на СДСМ на порталот Курир.

Се појавија информации за вртоглави суми на пари за престојот на Никола Груевски и групата околу него во Турција. Власта со денови молчи и јавноста нема никаков одговор на прашањата колку чини летувањето на Груевски и со чии пари е платен овој одмор?

Откако се појавија одредени информации се отвори и прашањето дали после објавените фотографии во Турција Никола Груевски го продолжил својот одмор во Монте Карло?

Таинственоста за летувањето и на останатите функционери и министри од ВМРО-ДПМНЕ, повлекува нови сомневања колку чини и кој го плаќа летувањето и на министрите на Груевски?

Потценувајќи го сопствениот народ власта мисли дека ќе може да избега од клучните прашања со конструкции и измислени текстови во медиумите под своја контрола.

Што се кријат Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, прашуваат од СДСМ?

Би можело да ве интересира

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Исти криминални шеми, иста банда – СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот од девет милиони евра

Горан Наумовски

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски