Српската тенисерка Ана Ивановиќ ќе игра во полуфиналето на турнирот од Мастерс серијата во Синсинати, САД.
Ивановиќ ноќеска за само еден час игра ја победи Елина Свитолина (Украина) со 2-0, по сетови 6:2 и 6:3.
Противничка на Ивановиќ во борбата за влез во финалето ќе биде Марија Шарапова (Русија) која во првиот ноќешен дуел беше подобра од Романката Симона Халеп со 2-1, по сетови 3:6, 6:4 и 6:4.
Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Каролин Вознијацки (Данска) и Серена Вилијамс (САД).