Денеска во рамките на Карпошовото културно лето 2014, во 19 часот во Кинотека на Македонија ќе се одржи Меѓународна ликовна изложба на делата на ликовни уметници од Полска.
Непосредно потоа, во 20.30 часот на Алпинистичката карпа ќе може да уживате во музичко – кореографскиот перформанс со хорски и оперски арии во изведба на Градскиот мешан хор „Вардар„ под диригентската палка на Јасмина Ѓорѓеска.
Во првиот дел од концертот ќе бидат изведени: Дуе вилоте дел фиоре – Филипо Азали; Сеј Ден – Д.Бортњански; Кумановка IV- Т. Прокопиев; Калеш Анѓа, С. Гајдов, Руковет бр.IX- С. Мокрањац; I’m gonna sing- негро спиритуал.
Во вториот дел посетителите ќе може да ги слушнат раскошните хорски изведби на партитури од Ѓузепе Верди и Жорж Бизе, од оперите “Набуко”, “Трубадур”, “Травијата” и “Кармен.