Астрономи: Астероид кој може да предизвика катаклизма се приближува кон Земјата

Од:

Астрономи од Универзитет во Тенеси открија дека астероидот „1950 ДА“ со должина од еден километар, кој и се приближува на планетава, може да го уништи човештвото.

Според нивните предвидувања ударот би требало да се случи на 16-ти март 2880 година и тој би предизвикал катаклизма, слична на онаа во која исчезнале диносаурусите. Астероидот кој го носи името „1950 ДА“ за прв пат е забележан уште во 1950 година, меѓутоа експертите дури сега заклучиле дека тој може да биде сериозна закана за Земјата.

Тие велат дека се фрапирани од фактот што тој до сега не се распаднал поради големата брзина со која се движи околу својата оска и веруваат дека го држат Ван дер Велсовите сили, но не се сосема сигурни во тоа. Она што според научниците е важно за луѓето, е што се уште не е пронајден начин како да се сопре ова големо вселенско „чудовиште“.

-По ударот на астероидот во руската област Чељабинск, повторно се појави интерес за откривање на начините за борба против ваквите случувања- рече Бен Розитис, од истражувачкиот тим.

Научниците сметаат дека евентуално испраќање на некој објект кој би можел да се судри со астероидот „1950 ДА“ би можел да ја направи опасноста уште поголема за планетава, односно би можело да дојде до пореметување на силите на кохезија и расцепување на повеќе мали астероиди, кои би го продолжиле патот кон Земјата и повторно би биле опасни за неа и човештвото.

10596086_10204509437761876_36117508_n

Инаку астроидот кој ни се приближува во моментов се движи со брзина од 15 километри во секунда, а според проценките би можел да падне во Атлантскиот океан со брзина од 61.000 километри на час. Ударот се споредува со детонација од 44.800 мегатони ТНТ. Она што кај научниците влева надеж дека човештвото сепак ќе преживее, е податокот дека можниот удар ќе се случи за 870 години и во тој долг период ќе може да се пронајде решение за уништување на потенцијалната закана.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ