Оланд: Франција ќе остане петта економска сила во светот

Од:

Благодарение на започнатите реформи Франција ќе остане петта економска сила во светот, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд, на маргините од прославата на 70-годишнината од десантот на сојузничките сили на југот од Франција.

– Франција, петтата економска сила во светот, … со реформите кои ги започна, очекува да остане на ова ниво, изјави францускиот претседател.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, изјавата на Оланд доаѓа само еден ден откако беше соопштено дека во вториот квартал на годинава, економскиот раст на Франција бил еднаков на нула.

Според Националниот институт за економски и статистички студии на Франција, БДП на земјата во вториот квратал стагнирал, исто како и во првите три месеци од годината. Владата од своја страна планираше економски раст од еден отсто за 2014, по што изврши ревизија на предвидувањата на само скромни 0,5 проценти.

Стагнацијата на економскиот раст че ја оневозможи Франција да ги испочитува своите обврски за намалување на јавниот дефицит.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата