Штипскиот градоначалник подели полина тон вода на граѓаните

Од:

На иницијатива на градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев денеска на 1.000 граѓани во центарот на градот им беше поделен половина тон вода, по половина литар на човек.

– Тоа е само мал придонес, но пораката е многу посилна, дека луѓето мора да внимаваат на сопственото здравје, да го чуваат и негуваат, бидејќи тие се најодговорни. Ако се придржуваат на советите на сопствените лекари и ако примаат терапија, нема да имаме последици од ова тешко време, изјави Захариев.

Директорот на ЈП „Исар“ Ангел Бојаџиев рече дека високите температури изминативе пет дена ја зголемија потрошувачката на вода во градот за 10 отсто. Комуналното претпријатие е подготвено да одговори на потребите на граѓаните.

– Рестрикција нема да има зашто наша обврска е на граѓаните да им дистрибуираме здрава вода и навремено снабдување до нивните домови, истакна Бојаџиев и додаде дека најголемата потрошувачка се бележи во попладневните часови.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он