(ВИДЕО) Манчевски: Институциите да истражат од каде се парите за петте споменици

Од:

Целосен молк од Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, и од Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин за прашањата кој ги платил и кој ги изработил петте споменици што ги поставува градот Скопје, рече на денешната прес конференција Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Освен ароганција и потценување на граѓаните зад целосниот молк очигледно се крие и нешто друго. Градежните работи се во тек што значи дека некој го плаќа поставувањето на спомениците. Во интерес на граѓаните, денес поднесовме барање за истрага до Управата за финансиско разузнавање и барање за даночна контрола до Управата за јавни приходи, додаде тој.

Тој побара да се утврди изворот на финансирање, потеклото на парите, колку чинат и кој ги изработил петте спомици кои ги донира анонимното здружение. Од Управата за јавни приходи, како надлежен орган, бараме да изврши даночна контрола врз работењето на анонимното здружение, имајќи предвид дека се јавува како донатор на споменици со значително поголема вредност од прикажаната добивка.

Тој бара од Управата за финансиско разузнавање да спроведе истрага за да се утврди изворот на финансирањето и дали Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин постапила според Законот за спречување на перење пари.

СДСМ, во интересот на граѓаните, бара да се обелодени вистинскиот донатор и финансиер на петте споменици, со оглед на тоа што Коце Трајановски очигледно тоа не го знае, или пак премногу добро го знае.

Воопшто не очекуваме соодветна институционална реакција и професионално однесуваање за расчистување на овој случај. Овие државни органи досега се покажале исклучиво како партиски испостави на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, еве им шанса, нека не демантираат и нека покажат дека не работат само за партискиот интерес на Никола Груевски, заврши Манчевски.

Tekovna duhovno obedinuvanje 2

Izvestaj Prihodi zdruzenie 2

Tekovna duhovno obedinuvanje 1

Izvestaj Prihodi zdruzenie 1

baranje za istraga Uprava za finansisko razuznavanje

baranje za danocna kontrola UJP arhiva

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски