Утре вечер, сабота 16 август, во Кинотеката на Македонија, во 19. часот, во рамките на Културно лето Карпош 2014 ќе биде отворена голема Меѓународна ликовна изложба на познати сликари од Полска.
На изложбата ќе бидат претставени 20 тина дела на познатите ликовни уметници Анета Јажвинска и Грегорж Калиновски изработени во повеќе сликарски техники, акварел, гваж, масло…
Изложбата ќе трае една недела, а полските сликари ќе учествуваат во работата и на петтиот Акварелен симпоизум кој го организира Општината Карпош.
Инаку, утре, на вториот ден од Карпошовото културно лето има уште еден настан, убаво уметничко доживување, музички настап на Градскиот мешан хор „Вардар“. Во 20.30 часот, на Алпинистичката карпа овој меѓународно афирмиран хор ќе изведе повеќе дела од домашни и странски композитори од класичната музика и други жанрови.