ВИДЕО: Платил сообраќајна казна со долари свиткани како оригами фигури на свиња

Од:

Возач кој на ЈуТјуб се претставува како „baconmoose“, однел на суд 137 долари собрани во оригами фигури на свињи и сместени во кутии за крофни.

Мажот на тој начин сакал да плати за долг поради сообраќаен прекршок и да изрази свое противење за неправедниот систем за наплата на казни. Без оглед на потегот, вработените во судот барале парите да се вратат во првобитната состојба.

На почетокот на снимката тој вели: Добив казна во градот каде полицајците поставуваат многу замки, а тука се и бесмислените камери. Се одлучив да платам на соодветен начин, вели тој.

Британецот однел во судот две кутии со 137 оригами фигури и предизвикал запрепастување на општинскиот службеник кој одбил да прифати таков вид плаќање.

Можете да ги преброите, рекол „сопственикот“ на доларските свињи. Бидејќи бил немоќен да го убеди возачот, службеникот го повикал својот претпоставен да му помогне, објави Дејли меил. Тој имал сепак поголеми разбирања и дури и го пофалил трудот на возачот.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ