Од вечерва се отвора големата музичка сцена на плоштадот во Струмица

Од:

Финишира третото издание на најголемата културно – забавна манифестација „Струмица опен фестивал 2014“. Организаторите и синоќа им приредија уште една незаборавна вечер на струмичани на неколку локации во градот. Во малиот градски парк се одржа аукција на делата создадени на ликовната колонија која работеше во рамките на фестивалот. Се продадоа сите 14 понудени дела, пет од нив купи градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. Собраните средства се наменети за хуманитарни цели. Во амфитеатарот беше промовирана најновата книга „Уа и Ура“ на Ѓорги Калајџиев, а веднаш по промоцијата се одржа џез концерт.

Од вечерва на градскиот плоштад се отвора и големата музичка сцена на која во следните три вечери ќе настапат петнаесетина музички имиња од домашната и странската естрада.

Првата вечер ќе ја започнат младите струмички таленти кои се спој на непрофесионални музичари и гордост на целиот град. После нив ќе настапи специфичниот реге и хип хоп изведувач од Македонија, Драган Величковски – Тајзи. Од интернационалната сцена ќе гостува Момчило Бајагиќ Бајага со неговите Инструктори.

И крајот на првата музичка вечер е резервиран за Кирил Џајковски, MC Wasp и TK Wonder.

Би можело да ве интересира

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“

Почнува новото издание на АКТО – фестивал за современи уметности