Агенцијата за катастар на недвижности денеска треба да информира за прогресот што е направен во процесот на дигитализација на катастарските планови, која е последната фаза од регистрацијата на недвижностите што катастарот ја работи заедно со Светската банка, која го финансира проектот.
Процесот започна со скенирање на архивските оригинали на катастарските планови од страна на надворешни изведувачи, скенирање и на работните оригинали, кои се катастарски планови на коишто се работи секој ден и затоа се поприлично оштетени. Потоа беше предвидено надградување-дигитализирање на архивските оригинали од катастарските планови до денешната состојба.
Во декември 2012 година и во последната општина во РМ завршила процесот на регистрација на недвижностите. Со дигитализација на катастарските планови покрај тоа што ќе се дигитализираат плановите, кои досега беа само во хартиена форма, туку треба да се овозможи преглед на сите податоци од периодот од кога постои катастар за одредено подрачје.